Македонија формално ги исполни препораките на ГРЕКО, што не е случај и на некои земји членки на ЕУ
Република Македонија повеќе нема формални обврски за исполнување кон Групата на земјите за борба против корупцијата (ГРЕКО) во однос на третиот круг од евалуација, кој се однесуваше на кривичните законодавства и развиеноста на механизмите за превенција на корупцијата во делот на партиското финансирање. Останува сега доследно да се спроведуваат постоечките законски прописи, овој заклучок изваден од извештајот од третиот круг на евалуацијата на Групата на земји против корупцијата (ГРЕКО).
Тоа е во контраст со општиот заклучок за сите земји членки на ГРЕКО. Имено, во својот годишен извештај објавенминатата недела во Стразбур, ГРЕКО отворено изрази загриженост поради малиот напредок што е постигнат во транспарентноста во финансирањето на политичкиот живот во Европа.
Од 43 земји кои беа евалуирани на оваа тема, а потоа и контролирани за спроведувањето на препораките на ГРЕКО за траснпарентност во финансирањето на политичкиот живот, дури 12 земји се оценети со оценката „недоволно“ од страна на експертите на СЕ. Франција, која е потресена од политичката-финансиска афера за финасирањето на предизборната кампања на Никола Саркози во 2012 е меѓу тие земји, но тука се Белгија, Германија, Швајцарија, Грција или Турција.
Ова според ГРЕКО се должи делумно и на политички чувствителниот карактер на финансирањето на политичките партии и предизборните кампањи, и пред се на фактот што ГРЕКО следењето го направи и врз аспекти и области кои не се наоѓаат под директна контрола на владите и кои подлежат на влијание на политичките партии и самите парламенти.
- Малото брзање на некои земји членки позитивно да и брзо да ги спроведат препораките на ГРЕКО, загрижува, изјави Марин Мрчела претседателот на ГРЕКО. Според него оваа ситуација се должи на тешкотиите, а понекогаш и неможноста да се најде издржлив договор меѓу политичките партии.
Мрчела притоа жали што земјите членки не покажуваат политичка волја за да ја фаворизираат транспарентноста во оваа и во другите свери на јавниот живот.
Според него, сепак има примери на земји кои сведочат дека е можно да се постигне напредок во оваа област, „но останува уште многу да се направи за превенцијата на корупцијата во политичкиот живот, што станува приоритет“.
Во 2013 година ГРЕКО посети десет земји за изработка на своите извештаи за превенција на корупцијата во редовите на парламентарците, судиите и обвинитрелите. Во текот на истата година, беа усвоени девет други извештаи на оваа тема и 29 други за криминализацијата на корупцијата и траснпарентноста во финансирањето на политичките партии и изборните кампањи.
Меѓу предизвиците кои се појавуваат според ГРЕКО е можното зачленување на Европската унија во оваа група, што ќе доведе до евалуација на институциите на ЕУ од страна на ГРЕКО. Европската комисија отвори една проценка со другите инситуции на ЕУ со цел да се разгледа ваквата можност за зачленување на ЕУ во ГРЕКО.
Кога ќе погледнеме во делот кој се однесува на Република Македонија, таа беше евалуирана за инкриминациите на корупција, како и за ефикасноста на домашното законодавство и пракса во областа на антикорупциските мерки и политики во делот на партиското финансирање. Притоа се опфатени три сегменти на оценка, транспарентноста на финансирањето на политичките партии и изборни кампањи, контролата на сметките на партиите и системот на санкции.
Со овој Извештај на Република Македонија и беа зададени седум препораки во делот на инкриминациите и шест препораки во делот на партиското финансирање. ГРЕКО во многу наврати истакна дека се наоѓа соочен со најтешката евалуација досега со оглед на специфичноста на областа кое е подрачје на сива зона каде ризикот за корупција и користење на тајни финансии е најголем, тоа го признава и транспренси дека ризикот е најголем во партиите, јавната администрација и приватниот сектор. Секако за спроведување на системот на антикорупциските политки и мерки, најголемата одговорност паѓа на домашните власти, но исто така одговорноста е и на самите партии и на невладиниот сектор и на медиумите и на антикорупциските тела, омбудсманот, бизнис секторот... Значи сите тие се карики на еден ист синџир.
ГРЕКО: Не постои еден единствен модел за регулирање на политичкото финансирање
ГРЕКО признава дека не постои еден единствен модел за регулирање на политичкото финансирање, но сепак повикува на воспоставување на транспарентни системи за политичко финансирање и за справување со слабостите кои се заеднички за поголем број земји членки.
- Постапувајќи по наведените препораки, властите во Република Македонија презедоа голем број на законодавни, организациони и институционални мерки и активности, насочени за подобрување на кривичното и изборното законодавство со цел за ефикасна превенција и борба против корупцијата во овие области, објаснува Анета Арнаудовска.
Во делот на Темата 1-за инкриминациите, Република Македонија ги усвои измените на Кривичниот Законик, со што во целост се постапи кон имплементирање на последната неисполнета препорака во поглед на Темата 1.
Во поглед на Темата 2, властите на Република Македонија, постапувајќи по овие препораки, но и по препораките на ОБСЕ и ОДИХР, воведоа измени во Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии со кои се воведе воспоставување на задолжителна годишна ревизија од страна на ДЗР, на сметките на политичките партии, се воведе задолжителна соработка и размена на информации помеѓу органите надлежни за спроведување на прописите од областа на партиското финансирање, се зајакнаа капацитетите на ДЗР со вработување на дополнителни кадри, кои ќе работат на ревизија на финансиските извшетаи на партиите, МФ донесе Упатства за начинот на составување на финансиските извештаи на партиите и спроведе обука, на која беа поканети сите партии, се воведоа административни санкции кои се скалести со цел да овозможат брзо санкционирање на повредите после изборниот циклус, беше воведена и спроведена постапка на порамнување пре дкск и од страна на прекршочните судови беа изречени поголем број на прекршочни санкции за повреда на прописите за финансирање.
Вториот извештај за усогласеност на Република Македонија беше усвоен на пленарната седница на ГРЕКО на 24-28 Март 2014 година а стана јавно објавен на 20.5.2014 година.
Со истиот извештај беше констатирано дека РМ во делот на Темата 1 –инкриминациите во целост ги исполнила сите препораки. Во поглед на темата 2-Партиското финансирање, беше констатирано дека остануваат делумно несиполнети три препораки и тоа дека во иднина треба да се прошири финансискиот извештаен период , со цел да се има поголем увид во трошоците и расходите на партиите да се даде прецизна дефиниција кои се тие трети лица, кои имаат дирекна или индиректна врска со партиите и понатаму да се зајакнуваат капацитетите на Државниот завод за ревизија.“
Односно, како што нагласува македонскиот претставник во ГРЕКО, „експертите заклучуваат дека во делот на криминализацијата на корупцијата, РМ ги исполнила сите препораки и направила одличен прогрес во оваа област со тоа што сите инкриминации се усогласени со меѓународните станарди.“
Во делот на партиското финансирање, ГРЕКО заклучи дека е постигнат напредок, но и понатаму треба да се работи на подобрување на сите сегменти и тоа транспарентноста, надзорот и казнувањето на повредите на финансиските правила и зајакнување на финансиската дисциплина на партиите, со цел за успешна превенција на корупцијата.
Со ваквиот заклучок, ГРЕКО одлучи Третиот круг на оценка на ГРЕКО спрема Република Македонија да прекине, односно со овој Извештај, Република Македонија повеќе нема формални обврски со рокови за известување спрема ГРЕКО.
Ваквата оценка на ГРЕКО преставува исклучителен успех за Република Македонија, која покажа дека сериозно и целосно пристапува кон исполнување на своите меѓународни обврски, особено во овој круг на евалуација на ГРЕКО, во кој десетина држави членки на ЕУ имаат добиено незадоовителна оценка особено во поглед на партиското финансирање, да речеме воопшто немаат закони за партиско финансирање, ниту посоти јавно финансирање на партиите, донациите се анонимни, нема ревизија на сметките на партиите, не се доставуваат на увид на јавноста, нема тело за ревизија на извештаите на партиите, или прави само формална ревизија, односно тоа го прави собранието или министерството за внатрешни работи, санкциите се или несоодветни или не се применуваат. Постојат држави кои спаѓаат во редот на државите со перцепција за “низок степен на корупција“, а кои сметаат дека нивната легислатива е доволна и не се согласуваат истата да ја менуваат во смисла на препораките на ГРЕКО и на меѓународните стандарди, нагласува Анета Арнаудовска.
Покрај Република Македонија, само уште 11 држави членки на Совет на Европа, имаат, добиено ваков заклучок, што по малку го загрижува Стразбур со оглед дека во ГРЕКО членуваат 43 земји.
Во однос на 4-от круг на оценка Македонија доби препораки во поглед на собрание кои се однесуваат на ургентноста од донесување на етичкиот кодекс, усвојување на водичи и надзорен механизам за примена на етичкит кодекс во праксата, да се имплемнетираат одредбите за лобирањето и да се воведат адекватни санкции за повреда на овие правила.
Во делот на судиите и обвинителите во смисла на областите кои беа фокус на интерес без зајакнување на независнота преку зајакнување на критериумите за избор во смисла на воведување на судска контрола на одлуките за избор, напредување и разрешување, воведување на поквалитетни критериуми за евалуација, усовршување на дисциплинската постапка, и раздвојување на функциите на иницирање на постапка та и одлучување по истата, и сетот на проепораки за етичкит кодекс.
Препораки од ГРЕКО за воведување систем на интегритет за судиите и обвинителите
ГРЕКО препорачува воведување на систем на интегритет за судиите и обвинителите во смисла на почитување на етичкиот кодекс, воведување на зајакната обука, создавање на прирачници со случаи од праксата, воведување на советодавни механизми кои ќе им помогнат на судиите да го применуваат кодексот во случај на дилеми.
Во Норвешка има систем на контрола од самите колеги, значи претседателите негуваат атмосфера на нулта толеранција на корупција за што секако е потребна манифестација на лидерство треба да предничат со личиот пример, атмосфера на отворено дискутирање и критика на воочените слабости во однесувањето на суиите, и повредите на етичкиот кодекс, како и изречените казни на судиите после отворено се дискутираат на колегиумите или да речеме во Холандија еднаш месечно ги гледаат снимките од судењата на колегиуми и ги коментираат слабостите и грешките. Голема опасност од разни нови облици на корупција која не мора да биде само во вид на поткуп, туку непотизам, неадекватни односи со адвокати, со бизнис групи, политичари, неадекватно или непријавување на имотните интереси, неиземање во случаи кога постии претпоставен или актуелен конфлкит на интереси, преголемо ангажирање во активности кои го одземаат судското време, примање на подароци, и тоа не само во вид на материјални добра туку и хотелски сместувања, спонзорства за себе и децата, донации, поволни кредити, подароци кои вообичаено во нашиот менталитет се сметаат за вообичаени, корупција и местење на предметите, располагање со доверливи информации, платени и неплатени ангажани во разни тела , кандидирање на повисоки функции за време на мандатот, ризиците по завршување на мандатот, односно како што се вика револвин врата- односно шетање од една функција во друга без за тоа да има било какви временски рестрикции.
- Во тој контекст е особено значајно неодамнешното донесување на препораката на Комитетот на министрите на Советот на Европа за поткажувачите која ќе имаме обврска и ние да ја имплементираме во националното право и со која конечно се дефинира улогата во пренесување или откривање на информации за повреда на ЈИ и заштита на поткажувачите од репресија, отказ, гонење, губење на унапредување во службата или било каква друга дискриминација или понижување и се истакнува и олеснува нивната улога во заштита на јавниот интерес со тоа што раководните функционери треба да го унапредуваат внатре системот на доставување на информации со цел да се заштити државата од корупцијата како најголемо зло и повреда на човековите права и слободи и владеењето на правото. Секако тука се дадени и основните принципи на системот на дојавувачи кој треба да биде во духот на праксата на ЕСП кој низ повеќе пресуди се произнел во случаите на репресија против дојавувачите и обезбедување на балансот помеѓу заштитата на јавниот интерес и приватниот интерес кој се повредува секако имајќи ја во предив автентичноста на информацијата, намерата на дојавувачот, односно заштита од неточни и злонамерни информации во смисла на рестрикциите на чл. 10 од ЕК, дали на располагање им стоеле други начини на информирање кој може да биде интерен, се до информирање на новинарите и на јавноста, смета директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
Главната слабост која е детектирана во повеќе држави е недоволната транспаретност на судството, потребата од отварање на јавноста, со вработување на портпароли, воспоставување на систем на комуникациски стратегии со јавноста медиумите и невладиниот сектор, истражувања на јавноста, странките адвокати странки невладиниот сектор за причините за слабата доверба на граѓаните во судството, со тоа се соочуваат сите држави на новите демократии-замјите кандидати и сите кои влегоа во ЕУ во последните 10 години-се базираат на индексите на перцепција секако треба да се биде внимателен бидејќи сепак се работи за индекси на перцепција и се повеќе научници ја истакнуваат слабоста на овие истражувања наспрема истражувањата базирани на факти и на искуствени податоци од жртвите или самите сторители.
Секако интересно е што старите демократии сите имаат традиционални судства каде судиите ги бира владата, дури и кралот, немаат систем на пријавување на имотот, ниту на судир на интереси, имаат разни категории судии, дури и краткотрајни како во Норвешка на три месеци.
- Сепак јавноста има голема доверба во интегритетот на судиите, тука е најзначајна улогата на контролата од страна на колегите, медиумите и социјалната контрола, да речеме во најразвиените држави медиумите ги откриваат случаите на корупција на судиите па дури потоа надлежните органи покренуваат дисциплинска постапка, нагласува Анета Арнаудовска.
Тони Гламчевски за МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа