Наумовски се откажа од прегласувањето на вториот круг во Ѓорче Петров

 

Александар Наумовски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од коалицијата „Сојуз за иднината“, денеска соопшти дека неговиот изборен штаб одлучил тој да не учествува на прегласувањето на вториот изборен круг на едно избирачко место во Волково

- Истовремено ги повлекуваме сите наши контролори, изјави Наумовски, според кого овие избори се нелегитимни и спроведени спротивно на волјата на гласачите.

Наумовски најави дека лично ќе поднесе кривични пријави поради грубо прекршување на неговото, како што наведе, активно избирачко право помеѓу првиот и вториот изборен круг.

Според него, Управниот суд поништи едно избирачко место во Месната заедница Волково, каде има вкупно четири избирачки места. - Ако Управниот суд одлучил дека ова прегласување ќе влијае на изборниот резултат, како е можно останите три места да не бидат поништени, рече кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од Сојузот за иднината. 

МИА

ФОТО: Канал 5

најчитано сега