ФОТО: Девојче со писмо до Гугл, и ја исполниле желбата

Вработен во Гугл ќе има слободен ден благодарение на неодоливата порака која ја напишала неговата ќерка до компанијата.

- Драг Гугл дали може, те молам, мојот татко кога ќе дојде на работа да добие еден слободен ден? На пример тоа да биде среда. Бидејќи тој е слободен само во сабота. П.С. Роденден му е, напишало девојчето.

Даниел Шиплацоф, неговиот директор го видел писмото и на девојчето му пратил одговор.

-Драга Кејти, ти благодарам за писмото и барањето. Твојот татко работи многу вредно и дизајнираше прекрасни работи за Гугл и милиони луѓе ширум светот. Бидејќи му е роденден, а ние смета дека е важно да има некоја среда слободна за време на летото, одлучивме да му дадеме цела недела слободна во јули. Уживајте, стои во одговорот.

 

24.06.2014 - 09:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега