Гори куќа во скопско Лисиче

Чад се рашири над населбата Лисиче во Скопје. Според информациите од противпожарната бригада се запалила куќа.

Причина за пожарот е што глувци ги изгризале каблите од електричната енергија поради што дошло до спој и искрење кои го предизвикале пожарот.

Куќата се наоѓа во непосредна близина на ресторанот Мирко па на социјалните мрежи се рашири информација дека гори токму ресторанот. Сепак командирот на противпожарната бригада Благоја Менковски за МКnews вели дека  не се работи за ресторанот туку куќа до него.

Причинета е материјална штета и пожарот е локализиран.

23.06.2014 - 23:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега