Уште еден град во Ирак под контрола на џихадистите

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна денеска во Багдад во мисија на обнова на единството и стабилноста во Ирак, кој се соочува со офанзива на сунитските екстремисти.

Стејт департментот побара мисијата на Кери да се држи во тајност поради безбедносни причини. Во Багдад тој треба да има средба со премиерот Нури ал-Малики и други ирачки лидери.

Ирачките власти соопштија дека бунтовниците вчера зазеле два клучни гранични премини во провинцијата Анбар, еден ден откако зазедоа премин во Каим, град во провинција што се граничи со Сирија. Стратешки важниот аеродром во северниот град Тал Афар, исто така, е под контрола на екстремистите од Исламска држава во Ирак и Леванто

Во Ирак денеска се убиени 23 затвореници во напад на сунитски екстремисти врз конвој возила, со кој се транспортирале осудениците.

- Инцидентот се случило синоќа јужно од Багдад. Меѓу убиените во нападот врз полициски возила се и седум напаѓачи, соопшти полицијата.

Нападот врз конвојот се случи откако најмалку 44 затвореници се убиени во Бакуба, во напад врз затвор.

Од почетокот на офанзивата на сунитските екстремисти во Ирак на 9 јуни, освоени се големи делови во пет различни ирачки провинции

 

 

23.06.2014 - 12:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега