Била врвна гимнастичарка - денес си го продава телото за да заработи пари

 

27- годишната Флорис Леонаида која на светската јавност и е позната како успешна романска гимнастичарка која ја претставуваше својата земја на многу меѓународни натпревари, пред две години ја откри својата мрачна страна.

Флорис престанала да се занимава со гимнастика бидејќи од тоа не можела да живее. Како тренер таа заработувала само стотина евра месечно, а тоа не било доволно ниту за неа ниту за нејзиното семејство, па затоа, како што пишуваат романските медиуми, поранешната гимнастичарка пронашла „полесен" начин за да заработи пари. Таа започнала да го продава своето тело за пари, па завршила во Австрија.

Таа сега заработува и до 1.200 евра од ноќ, најчесто има по 5-6 клиенти од ден. Половина од заработеното го праќа на семејството, а останатото го троши за себе бидејќи е скап животот во Виена.

-Морам некако да спојам крај со крај, работам тоа што мора да се рабори, раскажала поранешната гимнастичарка на пријателката, која пак приказната ја пренесе во романските медиуми.

Нејзиниот потполно нов идентитет своевремено го разоткри еден нејзин потенцијален клиент, кој ја забележал на фотографија на сајтот на австрискиот бордел.

12.06.2014 - 13:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега