Зелено светло од АФЕТ: Усвоен Извештајот за напредокот на Македонија
Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2023 и 2024 година. Извештајот, подготвен од австрискиот европратеник и известувач за земјава, Томас Вајц, беше изгласан со широко политичко мнозинство.
Вајц изрази задоволство од постигнатиот консензус, истакнувајќи ја големата работа вложена во изнаоѓањето компромиси за да се донесе добро избалансиран извештај.
„Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го задржиме моментумот и да го унапредиме процесот на проширување“, порача Вајц преку соопштение од прес-службата на Европскиот парламент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа