Влада: Исплатени над 9 милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци
Земјоделството е стратешки приоритет на Владата. Исплатени над 9 милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци, информираа од Владата.
„Се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство.
За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции.
Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите.
Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците.
Оваа Влада е земјоделска и земјоделците после 7 години конечно имаат партнер.
Го враќаме нивното изгубено достоинство.
Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа