Топлотен бран ја зафаќа Македонија: Дневните температури до 40°C, за викенд пресврт

 


Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од утре до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.
Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.
24.06.2025 - 14:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега