ФОТО: Во налет на страстите - полицијата со крајни маки ја извлече оваа двојка која имала секс во морето!
Млада љубовна двојка од Филаделфија, имала стравствена авантура во морето во Њу Џерси. За нивна несреќа тој ден имало голема гужва на плажата, па дваесет и седумгодишното момче и пет години помладата девојка, морале да бидат најпрво повикани да излезат од морето од страна на полицијата а потоа да бидат и уапсени,
Еден од присутните очевидци изјавил дека на девојката и требало нешто малку повеќе време да излезе од морето поради тоа што имала проблеми со горниот дел од бикините.
Откако излегле, им биле ставени лисици, а полицијата ги одвела во станица каде што било покренато обвинение за блудство на јавно место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа