Анистон психички се подготвува за средба со Бред и Анџелина
Тешки моменти ѝ претстојат на Џенифер Анистон, па затоа одлучила да ангажира терапевт.
Неименуван извор откри за британското издание на „Грација“ дека актерката е во паника и дека најмила терапевт за зголемување на самодовербата бидејќи ѝ претстои средба со Бред и Анџелина на венчавката на Џорџ Клуни, на која сите се поканети!
„Терапијата, која би требало да ѝ обезбеди поголема самодоверба, не е ново за неа бидејќи таа и порано подлегнувала на слични методи. Џенифер на венчавката ќе биде со својот избраник Џастин, но не се чувствува најдобро поради средбата со Бред и Анџелина. Терапијата ќе ѝ помогне да ја зацврсти разнишаната самодоверба и да се ослободи од љубомората“, рече неименуваниот извор близок на актерката.
Џенифер се разведе пред девет години, а со Бред и Анџелина се сретнала само еднаш на доделување на „Оскарите“ во 2009 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа