Топлите денови идеални за секс
Најновите истражувања покажуваат дека голем број на жени во текот на овулацијата многу повеќе мислат на секс!
За голем број на жени, симптомите како екстремните промени во расположението и непредвидливото однесување значат само една работа - ПМС.
Распространето е верувањето дека во тие денови во месецот жените се под влијание на лудувањето на хормоните кои си играат со женското тело, но и ум. Меѓутоа постои и нешто што многу повеќе влијае врз жените, а до сега не се знаеше - овулацијата. Големи хормонални промени се случуваат и за време на овулацијата која започнува 14 дена по првиот ден од менструацијата.
Хормоните кои се јавуваат во тие денови управуваат со многу од изборите на девојките - од одлуката што да облечат до натрпеварување со други жени. Таквите промени кај некои жени се многу суптилни па не се ни приметуваат, но постојат жени кои во неодамнешното истражување потврдиле дека многу добро знаат кога овулираат.
"Во тие денови сум позаводлива и склона кон секс", изјавила една од испитаничките опишувајќи ја ситуацијата во која всушност се наоѓаат многу жени за време на овулацијата.
Како што појаснуваат психолозите, на крајот се' се сведува на исконската желба на жените да привлечат маж во периодот кога се најплодни.
"Овулацијата кај жената ги нагласува сите карактеристики кои ја одликуваат нејзината женстевност.Жената во тие денови е многу заводлива, но и најпривлечна на мажите кои ги чувствуваат нејзините феромони", појаснува психологот Грег Брајант.
Интересно е и дека жените во тие денови повеќе се шминкаат, облекуваат попровокативна облека и гордо ги истакнуваат своите облини. Исто така тие се поактивни и на работното место бидејќи тие денови се полни со енергија и со нагласена самодоверба.
"Во деновите на овулација жените стануваат и расположени за натпреварување со други жени. Тоа се подсвесни процеси кои жената ги прави за да го привлече најпосакуваниот маж. Станува збор за биолошки инстинкт кои на сличен начин се случува и во животинскиот свет", истакнала Карен Пајн, професорка по развојна психологија на Универзитетот Хертфордшир.
Извор: Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа