Сопствениците на „Глобал“ добивале и тендери за други зделки од Заев

Случајот Глобал е класичен случај на изигрување на законите и противправно богатење, заштитено од политиката преку овозможувањето на амнестија за сите инволвирани, сметаат познавачите.

 „Глобал“ денеска е легален трговски центар, инаку претходно дивоградба изграден противправно на државно земјиште и на дел од парцели кои биле предмет на денационализација.

Сопствениците на „Глобал“ се истите луѓе чии фирми инаку капитално врзани со роднини на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ Зоран Заев добивале и тендери од општината. Она што пред некој ден беше обелоденето е дека баратели на легализацијата на спорниот „Глобал“ се фирмите во сопственост на Горан Крстев и Бранко Стамболиски. Ова не се нови луѓе во македонската јавност. Горан Крстев освен тоа што го доби и „Глобал“,  од општина Струмица добил и 11 други тендери со милионска вредност, обвинуваа од владејачката партија.

Зоран Заев на семејната фирма на својот личен пријател и бизнис партнер на фамилијата Заеви, Горан Крстев, и обезбедил јавни набавки во вкупна вредност од над 1 милион и 600 илјади евра. Од нив, 8 се склучени директно со Општина Струмица со која раководи токму Зоран Заев со вредност од 83.322.641 денари, додека пак останатите 3 се склучени со Јавното претпријатие Комуналец Струмица во вредност од 18.031.815 денари.

Сите овие пари и биле доделени на фирмата „Јавор Шпед Дооел“ преку 11 тендери, во време кога и Горан Крстев и таткото Симеон Крстев биле сопственици на оваа фирма.

Горан Крстев е бизнис партнер со Вице Заев и семејството Заеви преку фирмата „Сара Јавор Инженеринг“. Инаку, Горан Крстев беше во средиштето на аферата каде се откри дека Зоран Заев токму на овој човек му продал земјиште по цена од едно евро за м2 а овој истото го препродал по  4 пати повисока цена.

Исто така, Горан Крстев е и човекот за чија фирма беше објавено дека портпаролот на СДСМ Петре Шилегов како Претседател на второстепената комисија за јавни набавки во Владата во времето на СДСМ одлучил голем тендер да добие токму неговата втора фирма, „Јавор Шпед“.

Во мрежата на Заев се испреплетуваат и други бизнис интереси. Мрежата на „Глобал“ ја надополнува праксата на Заев општина Струмица да доделува тендери на нему блиски бизнис пријатели. Па така, претходно беше објавено во медиумите дека во мозаикот за испумпување на пари од општината преку тендери се најдоа и семејната фирма на пратеничката Цветанка Иванова кој  има добиено 48 јавни набавки со вкупна вредност од 20.111.810 денари од Општина Струмица и нејзините институции.

Фирмата на таткото и чичкото на лидерот на СДСМ го добиле тендерот за набавка на прехрамбени производи и средства за хигиена. За јавните набавки, како што тврди власта, фамилијата Заеви добила повеќе од 3 милиони денари. И снаата на Заев добила тендер во Струмица.

04.06.2014 - 14:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега