Над 2.500 домаќинства заинтересирани за субвенции за сончеви колектори

 

Над 2.500 барања за надоместувањето на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колекторски системи во домаќинствата се испратени до Министерството за економија.

Од Министерството за економија посочуваат дека ќе бидат земени предвид и сите барања кои ќе пристигнат во наредните денови, а се испратени по пошта до крајниот рок за аплицирање.

Јавното извлекување на лицата кои ќе добијат надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор ќе биде на 7 јуни во  просториите на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала Борис Трајковски ДООЕЛ, со почеток во 10:00 часот.

Огласот беше објавен на 24 јануари 2014 година, а краен рок за доставување на барањата беше 31 мај 2014 година.

02.06.2014 - 13:45
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега