Попоски во дводневна посета на Виена

 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска и утре ќе учествува на Виенската конференција за Западен Балкан 2014 и на состанокот на министрите за надворешни работи на замјите членки на Централно-европската иницијатива.

Министерот денеска ќе има средба со својот австриски колега Себастијан Курц, во контекст на австриското претседавање со Централно европската иницијатива, а на средбата ќе се разговара за можностите за зајакнување на регионалната соработка, поддршка за интеграцијата на регионот во ЕУ и поттикнување на економската активност во ЈИЕ.

02.06.2014 - 12:40
Фото: 
сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега