Косово нема да учествува на Самитот ПСЈИЕ во Охрид

По последната разврска на односите помеѓу Србија и Косово и нивното рефлектирање на претстојниот Самит ПСЈИЕ во Охрид, од кабинетот на Претседателот на Република Македонија велат дека Косово нема да учествува на Самитот.

- Самитот ПСЈИЕ е со утврден формат и структура. Покана за учество до претседателот на Косово не е испратена бидејќи не е пречка само една земја која се спротивстави на желбата на Македонија да го покани Косово како гостин. Согласно основачките акти и досегашната практика, Република Македонија не може без согласност од другите да поканува, особено кога ни е ставено на знаење дека со таков чекор, некои од земјите членки би го откажале учеството, велат од претседателскиот кабинет и додаваат дека Република Македонија останува на принципот на инклузивност во регионалната соработка и се надева дека штом се создадат услови и Косово ќе се приклучи на оваа регионална соработка.

 

најчитано сега