Уште еден хорор: Мајка татко и двегодишно детенце пронајдени мртви
Вистински хорор деновиве ја потресе Хрватска. Во семејна куќа во населбата Славча било пронајдено мртво цело семејство. Се работи за жена. маж и за жал двегодишно детенце кои не покажувале знаци на живот.
Јутарњи весник објави дека станува збор за 44-годишниот С.Ж. 34-годишната А.Ж. и за 2-годишното детенце М.Ж. Соседите велат дека тие биле добра фамилија, а мажот бил поранешен бранител. Тој пред три недели најавил дека со семејството ќе замине во Молдавија, а најверојатно причина за тоа бил финансиски проблем.
Полицијата вели дека обдукцијата покажала дека се работи за насилна смрт.
23.05.2014 - 11:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа