Ја бркал сопругата со секира - крвава семејна расправија

Вистинска семејна драма се одвивала синоќа во Србија кога маж толку се разбеснил што започнал да си ја брка сопругата со секира.

Според податоците од српскиот Ало, се работи за 53-годишниот М.К. кој извршил кривично дело семејно насилство, откако се скарал со својата сопруга, по што толку се разбеснил што земал секира и започнал да ја брка по дома.

Пред да ја земе секирата и да направи вистинска драма, тој психички си ја малтретирал сопругата навредувајќи ја и пцуејќи ја.

За среќа жената успеала да се спаси, а мажот си заработил притвор во траење од 30 дена.

23.05.2014 - 10:44
Фото: 
Новамакедонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега