Оер: Потребен е гест од македонската страна

Во интервју за Радио Слободна Европа  амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер вели дека и Македонија и Грција треба да покажат прогрес за спорот со името.

Треба да се покаже дека има напредок пред земјите членки. Вистина е дека се уште сме во исчекување на нешто и не можам да ви кажам дека во европскиот Совет ќе се донесе ваква или онаква одлука. Тоа што го знам е дека чекаме нешто во добрососедските односи и чекаме на целата работа на доверба, клима на доверба кој беше побарана во месец декември, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа, амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер.

За можен напредок на политичкиот дијалог во земјава по преземените обврски со мартовскиот договор Оер вели: - Сите се надеваме таа Комисија да профункционира и дека ќе се најдат членови и претседател за истата. Но тука е функционирањето што доаѓа отпосле, ќе имаме нови избори, и се надевам и дијалог со значителните новинари од синдикатите за законот за медиуми. Велам дека тоа е целина врз која Комесарот Филе многу инсистираше и се разбира дека ние го подржуваме. Така да може само да кажам дека договор ќе се најде.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега