Лек за сите домаќинки кои се мачат со дамките од црвено вино!

Дамките се голем проблем за секоја домаќинка поготово ако тоа се дамки од црвено вино. Еве неколку совети како да ги исчистите дамките од вашите килими и алишта.

На килим: 

На површината со дамки од црвено вино нанесете водороден пероксид или разрадена сода бикарбона. По пет минути измијте го местото со вода. Друг начин на справување е со сол. Прекријте ја дамката и оставете да отстои 12часа , потоа усисајте.

На облека: 

Најприменуваниот начин е со оцет. Оставете ја облеката во раствор од оцет и вода, а доколку тоа не помогне, нанесете оцет директно на облеката. Друг начин е да ја избришете дамката со чиста крпа, без триење. Потоа потопете ја облеката во вода и прашок. По 15 минути нежно истријте ја исфлеканата површина. Исто така решение за црвените дамки може да биде и белото вино.

12.05.2014 - 11:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега