Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 24 мај: Ликот и делото на Кирил и Методиј се неизбришливо врзани за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Република Македонија им го честита државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители,  светите браќа Кирил и Методиј.

          Денес е денот кога сите ние со огромна чест и почит го чествуваме делото на словенските просветители и рамно-апостоли браќата Кирил и Методиј. Нивниот лик и дело се неизбришливо врзани не само со културата и историјата на Македонија, туку тие со својата просветителска дејност го задолжиле целиот словенски род и цела Европа.

          Ние сме горди што сме дел од тој цивилизациски придонес за европската и светска ризница, но истовремено сме свесни дека тоа е обврска нашата култура, традиција, јазик и идентитет да ги сочуваме од секакви премрежија кои ги носи животот, бидејќи тоа го направиле  нашите предци, тоа ќе го направиме и ние.

          Нека е вечна славата на сесловенските просветители Кирил и Методиј и нивното дело!

          Нека е честит и вековит празникот!

најчитано сега