Црвенковски: Заев не е решение за проблемите на СДСМ

Вечниот Претседател на СДСМ, Бранко Црвенковскипо еднагодина молк конечно се јави во јавноста. Во интервју за Дојче Веле, Црвенковски не штеди накритики на новото раководство на СДСМ и признава дека пратијата е во сериозна криза. Според Црвенковски, ниту тој ниту Заев не се решение за таа криза.

„Уште еднаш ќе повторам. СДСМ е во сериозна криза, една од најтешките од формирањето на партијата. Ќе биде ѓаволски тешко брзо да се консолидира, да се постигне единство, да се мотивира членството и да се охрабрат граѓаните. А отпор не се тера од канцеларии и на прес- конференции. За тоа е потребно лидерство со голем кредибилитет и уште поголем обединувачки капацитет. Потребен е авторитет кој ги надминува рамките на партијата. И да бидам директен: за оваа ситуација не сме решение ни јас, ни Заев. Зошто не јас? Постојат повеќе причини, но ќе споменам само една, која е сосема доволна: 'Бранко е крив'. Оваа перцепција, без разлика колку е производ на смислена негативна кампања, а колку се должи на мои објективни грешки, не смее да биде дополнителен товар на партијата во овие тешки времиња. Што се однесува до Заев, исклучително ја ценам неговата храброст и решителност во обелоденувањето на криминалните афери на власта. Тоа мора да се почитува. Но серијата погрешни проценки за клучни прашања, водењето на политика од денес до утре, продуцирањето на внатрешни поделби во партијата, за жал, не гарантираат успешно лидерство. Сметам дека за СДСМ е најдобро да се оди со сосема ново решение“.“ - вели Црвенковски за Дојче Веле

Целото интервју прочитајте го тука

07.05.2014 - 14:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега