ДИК ќе ги врачи уверенијата на избраните пратеници во Собранието

 

Државната изборна комисија(ДИК) денеска ќе ги врачи уверенијата на избраните пратеници во македонското Собрание.

 

На вчерашната седница на ДИК, членовите едногласно ги усвоија извештаите за конечните резултати од предвремените парламентарни и претседателските избори.

Првиот човек на ДИК, Никола Рилковски истакна дека Управниот суд ги одбил 10-те тужби од партиите ДПА и ГРОМ и со тоа беа потврдени решенијата на Комисијата која претходно ги прогласи приговорите за неосновани.

 

07.05.2014 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега