Тодоровиќ води со 400 гласа пред Жерновски во Центар

 

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ води пред стартот на прегласувањето во општиан Центар со 434 гласа, пресметал Утрински весник.

Откако Управниот суд ги прифати тужбите на ВМРО-ДПМНЕ и овозможи прегласување во 29 избирачки места, Жерновски загуби 8349 гласа, а Тодоровиќ 6934. Кога овие ќе се одземат од вкупниот број гласови кои кандидатите ги добија по завршувањето на вториот круг, се добива предност за Тодоровиќ од 434 гласа.

„На избирачките места каде што е поништено гласањето се запишани 25.980 избирачи, а на изборите во вториот круг излегле 15. 746 гласачи. Од нив за кандидатот на опозицијата, Жерновски, гласале 8.349, а за кандидатот на власта, Тодоровиќ, 6.934 гласачи. Разликата е 1.415 гласа. Неважечки биле 453 ливчиња. 

Во вториот круг од 28.599 гласачи што излегле на изборите (67,03 отсто од вкупно запишаните 42.667) за Андреј Жерновски гласале 14.383, а за Владимир Тодоровиќ 13.402 лица. Разликата беше 981 глас. Кога ќе се одземат поништените гласови, на контото на Владимир Тодоровиќ остануваат 6.468 важечки гласови, а на Андреј Жерновски 6.034. Од 29-те избирачки места каде што се поништени изборите, само на 7 во вториот круг победил Владимир Тодоровиќ, додека на 22 Андреј Жерновски“ - анализира Утрински весник

најчитано сега