Вељановски им го честита 23 мај на припадниците на влашката заедница

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски им го честита на сите припадници на влашката етничката заедница 23 Мај - Националниот ден на Власите.

- Можам слободно да истакнам дека почитувањето на традиционалните вредности и меѓусебното разбирање е заеднички залог за благосостојбата и просперитет на нашата држава, во која и вие како влашка заедница со вашите лични успеси придонесувате, истакнува претседателот на Собранието.

Вељаноски во честитката по повод 23 Мај - Националниот ден на Власите изразува уверување дека определбата ни е заедничка, во градење на европска и демократска Република Македонија во која се промовира недискри­минацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани. Нека ви е честит празникот. 

најчитано сега