Путин: Прво да ја омажам поранешната сопруга потоа јас ќе се женам

 

Откако ќе и` најде маж на неговата поранешна сопруга Људмила, претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека дури тогаш ќе размисли за брак.

- Прво треба да ја омажам мојата поранешна сопруга Људмила Александрова, а потоа да мислам за себе, рече Путин во одговор на прашање кога Русија ќе има нова прва дама, а ваквата негова изјава беше проследена со аплауз за време на „директната линија“, во која шефот на државата одговараше на прашања на граѓаните.

 

Путин и неговата сопруга Људмила соопштија дека се разведуваат во јуни минатата година. Тогаш поранешната прва дама изјави дека „двајцата речиси не се гледаат“. Рускиот претседател пак објасни разводот дошол затоа што „не сите се подготвени да се лишат од личен живот, како што бара улогата на брачен партнер на политичар од неговиот ранг“.

 

- Целата моја работа е поврзана со јавната сфера. Јас имам целосно јавен живот. На некои им се допаѓа тоа, но постојат луѓе за кои тоа е неодржливо, објасни тогаш шефот на руската држава

18.04.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега