Во Штип ќе никнат пет нови спортски игралишта

 Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев денеска беше во обиколка на петте спортски игралишта кои се градат во неколку населби.

Захариев информира дека младите во населбите Дузлак, Автокоманда, Жележничка и кај Автомото друштвото ќе добијат спортски терени, од кои три ќе бидат мултифункционални.

- Гледаме дека игралиштата се изградени за скоро месец и половина, но овие игралишта нема да ги пуштиме се додека комплетно не се уредат, по теркот како што тоа се прави во западно европските земји, да не оставиме земја и шут, туку напротив да го уредиме со клупи и холтикултурно, рече Захариев.

Тој најави дека во наредниот период ќе се уреди и фудбалското изгралиште во населбата Леваци, а во Ново село треба да се изгради мултифукционално спортско игралиште. Во текот на летниот период ќе се уредуваат и детски игралишта на неколку локации. 

ФОТО: Сител

најчитано сега