Бан Ки-мун: Не е погоден момент за испраќање мировни сили во Украина

 

Сега не е моментот да се испраќаат мировни сили во Украина, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во интервју за мексиканскиот весник Реформа.

- Во моментот не изгледа особено добро да се испраќаат војници, вели Бан кој е во Мексико по повод конференција за меѓународен развој.

Тој нагласи дека евентуална одлука за испраќање војници во Украина треба да биде одобрена од Советот за безбедност на ОН во кој Русија е постојана членка.

– Не можам да преземам никакви акции додека не добијам мандат од Советот за безбедност, изјави Бан.

Вршителот на должност претседател на Украина Олександар Тучинов изјави дека во телефонски разговор со Бан предложил во Украина да бидат распоредени мировни сили на ОН за заедничка антитерористичка операција.

16.04.2014 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега