Ховит: Трпението е при крај - без дилеми да стартуваат преговорите на Македонија со ЕУ
Времето истекува, трпението е при крај. Важно е тој прогрес да биде постигнат, вели известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит за Радио Слободна Европа. пред почетокот на дебатата за Македонија во парламентот.
Истовремено, додава Ховит за Радио Слободна Европа, испраќаме еднакво силна порака до Европскиот Совет и до земјите членки на Унијата, дека кога тој прогрес ќе се постигне не смее да биде изговор за недонесување на одлука или некаква акција во Брисел.
- Ако навистина сакаме оваа земја да напредува или ако сакаме да се воведе тоа што јас го нарекувам двигател за земјата и нејзините реформи, тогаш е оправдено да се почнат преговорите и да се понуди датум без натамошни одлагања или условувања или двоумења и се надевам дека токму за тоа ќе гласа европскиот парламент, порача Ховит пред почетокот на дебатата за Македонија во ЕП.
ФОТО: Денешен