Груевски им го честита националниот ден на Власите

 

Премиерот Никола Груевски им го честиташе националниот ден 23 мај на припадниците на влашката заедница, посакувајќи им напредок и благосостојба.

- Власите се конститутивен дел од македонското мултинационално општество, а влашката заедница во Република Македонија како дел од влашкиот народ кој е распространет низ повеќе земји, дала значаен историски, општествен и културен придонес во современата македонска држава. Влашките идентитетски белези се едни од најкарактеристичните симболи во македонската култура и се значаен дел од фолклорот и традицијата на нашата земја. Токму затоа, Република Македонија со гордост го прославува Националниот ден на Власите кој уште од далечната 1905 година е симбол на самоидентификација и себеспознавање на влашката заедница, пишува во честитката на премиерот.

- Дозволете ми да го изразам своето уверување дека и во идниот период ќе продолжиме заеднички да чекориме по патот на реформите и модернизацијата на нашата земја, со заложби за постигнување на економски развој и подобрување на стандардот на граѓаните, во реализацијата на севкупен прогрес на државата, и реализација на нашите европски и евроатлантски интеграции со цел изградба на напредна Република Македонија, стои во честитката по повод националниот ден на Власите

најчитано сега