Излезноста до 13 часот 25,79 проценти
Државната изборна комисија изјави дека до 13 часот за претседател гласале 415.670 гласачи или 25,79 проценти од вкупниот број на гласачи.
Во Битола заклучно со 13 часот гласале 28.557 гласачи или 35,01 отсто, над 20.000 во Аеродром, во Кисела Вода 36,2 отсто од гласачите, во Струмица 13.884 гласачи или 28,80 проценти, во Охрид 16.291 граѓанин или 31,81 процент, во Велес 33,63 или 15.656, во Центар 34,98 проценти или 14.977 гласачи.
Помала излезност има во Куманово и тоа 23,31 отсто, во Тетово 9235 гласачи или11,61 процент, во Струга каде гласале 11,02 отсто, во Центар Жупа само 3 во Театре 21,04 во Дебар 7,04 посто, во Пласница 279 жители, Врапчиште 5,74, во Сарај 1451 што е 4,95 проценти, Желино 1307 или 4,78 проценти и Боговиње 1180 гласачи.
Во Липково гласале 877 граѓани или 3,76, додека во Арачиново 391 жител или 4,48 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа