Јанкулоска на министерска конференција во Албанија

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска учествува на Конференцијата на министрите за внатрешни работи од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во рамки на „Брдо процесот“, што се одржува во Блед.

Јанкулоска денеска ќе се обрати на сесијата на министерската конференција посветена на визната либерализација.

Во тек на конференцијата Јанкулоска ќе учествува и на деветтиот состанок на Комитетот за полициска соработка на земјите од ЈИЕ, што годинава се одржува под претседателство на Албанија.

најчитано сега