Разликата помеѓу состанувањето со девојка и со жена

Сè уште не сте ја разбрале разликата? Сè уште не знаете што значи да те сака девојка, а што да си во љубов со жена?

Овие неколку реченици засекогаш ќе ја променат вашата перцепција.

Девојката очекува да биде разгалена и третирана како принцеза. Жената само бара да биде третирана со почит.

Девојката упорно се труди да ве промени. Вистинската жена ве прифаќа онаков каков што сте.

Во текот на расправијата, на девојката најважно и е да биде во право. Жената се обидува да разбере.

На девојката сте и неопходни во животот. Жената ве сака во животот.

Девојката е убедена дека таа е на прво место, секогаш. Искусната жена го разбира компромисот.

Кога девојката е вознемирена, станува пасивно агресивна. Кога жената е вознемирена, наведува аргументи и причини.

Ако момчето се обиде да си земе простор за себе, девојката врши силен притисок. Жената ја користи шансата да си се посвети сама на себе.

Ако не се врати, жената знае да живее и без него. За разлика од девојката, која постојано ќе го потсетува што пропуштил.

За крај, девојките бараат љубов. Жените даваат љубов.

Извор: Црно Бело

07.04.2014 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега