И ја испеал омилената песна па починала- тоа и било последната желба

15- годишната Триона Присли боледуваше од цистична фиброза. Таа минатата недела била пренесена во болница бидејќи состојбата се повеќе и се влошувала.

Триона со помош на  своите пријатели, семејството и Твитер успеала да оствари контакт со младиот англиски музичар Ед Ширан, кој таа многу го сакала.

Со Хаштаг#SongFotTri и малку труд, музичарот дознал дека Триона сака пред смртта да и ја испее нејзината омилена песна „Little Bird“.

Ед во вторникот и се јавил на Триона во болницата. Додека и пеел, таа заспала и неколку минути после тоа починала, пишува Индекс.

Нејзиниот брат разговарал со Индепендент и официјално му се заблагодарил на Ширан.

- Тоа што ни го даде на нас и неа беше преубав последен заеднички момент, рече тој. 

05.04.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа