Ништо од шетањето - утре дожд ветер и грмежи

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови кога наместа тие ќе бидат и поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

04.04.2014 - 16:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега