Македонија располага со 164 објекти со паркинг места
Државниот завод за статистика на крајот на минатата година во Македонија регистрирал функционирање на 164 паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање со површина од 370.305 метри квадратни.
13.629 места за паркирање, со површина од 299.927 метри квадратни се на отворен простор, а 1.496 паркинг места со површина од 31.410 метри квадратни се во покриени гаражи.
Во катните гаражи има 1.349 места за паркирање со површина од 38.968 метри квадратни.
Со истражувањето биле опфатени Скопје, Охрид, Струмица, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Битола и Гевгелија.