Муцунски ќе присуствува на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул

 


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утре ќе учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир, што ќе се одржи во Истанбул, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

На настанот, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е најавено присуство и на министрите за надворешни работи од земјите од регионот на Западен Балкан.

Новата иницијатива, покрената од министерот Фидан, се додава во соопштението, има цел да придонесе кон регионален мир, стабилност и благосостојба преку заеднички пристап во изнаоѓање на регионални решенија за регионални прашања.

Министерот Муцунски ќе има обраќање на состанокот, во кое се очекува да ги адресира клучните прашања за регионалната соработка, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, заштитата на животната средина и културната соработка. 

25.07.2025 - 12:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега