Отворен регионален проект на ЕУ и на Советот на Европа за човековите права

Земји членки на ЕУ, како Бугарија не се во фокусот во однос на почитувањето на малцинските права, бидејќи Унијата и Советот на Европа сметаат дека експлозивноста на прашањето во Југоисточна Европа била многу поголема отколку во Унијата.

Ова на отворањето на проектот „Унапредување на човековите права и заштита на правата на заедниците во Југоисточна Европа" го изјави супервизорот од Советот на Европа Маркус Јегер.

- Прашањето е фер. Ако чесно го разгледаме, фокусот кој е ставен врз малцинските права во овие земји е поголем отколку оној врз земјите членки. Ова може да се перцепира како несоодветно, дури и нефер. Но, експлозивноста на ова прашање во регионот тука е многу поголема отколку во другите делови, односно во ЕУ. Рецепт нема, признава Јегер прашан зошто не се следи подеднакво и состојбата со малцинствата во членки на ЕУ, како Бугарија.

- Има проблеми во регионот во однос на почитувањето на правата на малцинствата. Земјите ги прифатија меѓународните инструменти и се обврзаа да ја подобрат состојбата, но мониторите констатираа дека работите не се одвиваат како што би требало и затоа е неопходна акција, истакна супервизорот на проектот Јегер.

- Еден голем проблем е што не се сите малцинства подеднакво вклучени. Некои се чувствуваат повредени, а тоа остава горчливи чувства. Кога станува збор за решенија на ниво на локалната власт, кое е најважно за граѓаните, тогаш согледувате голема дискрепанца и дискриминација. Малцинствата мора да се вклучени во решавањето за инфраструктурата, домувањето, образованието и вработувањето во јавната администрација, вели експертот од Советот на Европа.

 

најчитано сега