Украдени сончеви колектори и акумулатори од светилките на Водно

Викендов засега непознати сторители украле два сончеви колектори и два акумулатори од светилките на соларна енергија на големиот видиковец на Водно.

Како што денеска соопштуваат од Градот Скопје, штетата се проценува на над 110.000 денари.

Градот упатува апел до граѓаните да ја чуваат поставената урбана опрема на јавните површини и да го почитуваат комуналниот ред.

Полицијата трага по стоиртелите.

01.04.2014 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа