Груевски: Држиме до дадениот збор

 

Пред нас, посочи имаме човек од политичка гарнитура која покажа дека знае да држи до зборот, знае да вети и да си го одржи ветувањето, рече Груевски на митингот на кој Иванов ја побара довербата од струмичани.

Држењето до збор е основната работа во политиката за нас. И тоа е една од главните причини зошто во овој период ја добивавме поддршката на мнозинството граѓани во Македонија.Таков човек и треба на оваа земја, таква политичка гарнитура му треба на овој народ. Доста е од оние кои во минатото со лаги и со интриги сакаа да го замајат народот.Ние сме политичка гарнитура која држи до зборот.  Ние воведовме во Македонија пракса, не само да се трудиш да ја добиеш довербата, не само да го исполниш она што си го ветил, туку на крајот да излезеш и да дадеш отчет. Отчет пред тој што ти ја дал довербата. И за сработеното и за тоа што не си стигнал да го сработиш и да кажеш зошто не си го сработил, рече Груевски.

Тој порача дека тоа е гарнитура која пред се и над се ги ставаше интересите на државата, а не личните и партиски интереси.

01.04.2014 - 00:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега