Потврдено: Клинтон ја бомбардирал Србија поради Моника Левински (ФОТО)

 

Со цел да го заташка скандалот со сексуалната афера со младата стажантка во Белата Куќа, Моника Левински, поранешниот американски претседател Бил Клинтон наредил во 1998 година бомбардидање на Србија. 

Од петокот Националниот архив на САД почна да обелоденува 2.500 некогаш доверливи документи од американската администрација во кој се наоѓа и некогашниот меоморандум од советничката на Клинтон, Мињон Мур. Во него, таа го предупредува претседателот дека итно мора да ја поврати довербата кај народот по избивањето на секс скандалот со Моника Левински, и тоа со дејствување на неколку полиња, меѓу кои и рушење на тогашниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ а притоа да се повика на поголеми сили од себе.

 

- Мур го советуваше Клинтон да се повика и на Господ за да ги поддржи своите политички акции, наведува Њујорк Тајмс.

Кратко потоа Клинтон ја бомбардираше Србија, а НАТО акцијата беше наречена “Милосрден ангел”.

Во докуметацијата која е обелоденета, наведено е и дека во тоа време Клинтон ја финансирал и опозицијата во Србија. Во јули 1999 година на Самитот на Пактот за стабилност на ЈИЕ се обврзал да даде дури 12 милиони долари на партиите, синдикатите, студентските движења и на НВО за рушење на Милошевиќ. Тој проект наречен “Прстен околу Србија” подразбирал и шпионска мрежа во и околу Србија за да се намали влијанието на државната пропагандна машинерија.

31.03.2014 - 18:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега