"Скопје се смее" - утре радост за дечињата на Плоштадот Македонија
Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје, утре по повод денот на шегата-1 април, во 11 часот на плоштад Македонија, за сите училишта, градинки, деца и граѓани на град Скопје, традиционално ја организираат Манифестацијата „Априлијада“-Скопје се смее.
На плоштадот ќе биде присутен и таткото на Град Скопје, Коце Трајановски.
Кловнови,маски, балони, песнички, игрии многу забава ги очекува најмладите утре на Плоштадот Македонија.
Ноќната забава ќе почне во 21 часот, на плоштад Македонија ќе настапат: Драган Мијалковски, Александар Митевски, 4 Strings, Коста Костовски, Sax & Sex, Александар Белов, Елена Миленковска, маскираните посетители ќе продефилираат на сцената, а ќе има и други изненадувања. Водители на забавата ќе бидат Марија Петровска и Антонио Димитриевски, а за крај настап ќе има и Диџеј БАБУРА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа