Уште една куќа во Скопје мета на крадци
Триесет минути по полноќ на улицата „Палмиро Тољати“ во Инџиково, 34- годишниот К.Б и 38- годишниот Г.Т влегле во куќата каде како постанар живее 28- годишниот Д.М од Свети Николе и го ограбиле.
Како што информираат од полицијата, крадците физички го нападнале младото момче и му одзеле златно ланче.
Полцската станица во Гази Баба работи на расветлување на случајот.
29.03.2014 - 13:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа