"Таткото е виновен, ме турна во оган!" - продолжи судењето за убиството на Владислава Червенко

Продолжи судскиот процес за убиецот на манекенката Владислава Червенко, Даријан Мишиќ, кој денеска од обвинителната клупа ја деда својата одбрана, иако на претходното рочиште одби да го направи тоа.

Пред Судот во Нови Сад, Мишиќ кој на  12 ноември 2012 година ја уби својата девојка, денеска изјави дека ако не бил нејзиниот татко, таа се уште ќе била жива и дека тој и понатаму не чуствува дека ја нема и не ја доживува како мртва.

- Во нашите животи се појави нејзиниот татко. Тој е џепарош, но се појави како нејзин заштитник. Тогаш и започнаа нашите проблеми во врската. Почна да ни ги снемува парите. Владислава често ме лажеше, неколку пати раскинувавме, и удрив и шамар. Беше очигледно дека татко и ја присилуваше да краде. Знаев дека таа никогаш не би криела ништо од мене, но на сето тоа ја присили нејзиниот татко криминалец познат како "кралот на џебот"., изјавил денеска Даријан во своја  одбрана, пренесе српскиот Курир.

Мишиќ додава дека нејзиниот татко се сетил дека има ќерка по цели 20 години, откако намирисал пари. Вели дека не му е проблем да лежи во затвор, но сака да се знае која е третата личностшто застанала меѓу нив и го турнала во оган.

- Не можам да разберам што толку ме испровоцира со сопствени раце да го згаснам и нејзиниот и мојот живот, изјави Даријан во Судот.

 

28.03.2014 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега