Апасиев: Левица ќе поднесе Закон за посебен инспекторат за државни инсигнии

 

„Веднаш по празниците, покрај овој Закон за патни трошоци, ние ќе поднесеме и Закон за посебен инспекторат за државни инсигнии", истакна пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, во емисијата „24 анализа“.
 
- Дали знаете дека ние кога поднесовме претставка против еден Министер на ДУИ, што го стави албанското знаме само, од инспекциски совет ни одговорија дека не постои инспекторат на толкава служба. На толкави бирократии кај нас, не постои надлежен инспектор за знамињата, грбот и за химната - додаде Апасиев.
 
- Значи, имаме инспектор на диво за албански јазик, кој ќе дојде да виде дали печатите, штембилите ви се двојазични, ама немаме инспектор за македонскиот јазик. Видете кој е апсурдот, немаме инспектор за македонската химна! Во која држава ние живееме? - дообразложи претседателот на Левица.
03.01.2025 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега