Смог го парализира Њу Делхи: издадени предупредувања за застој во сообраќајот
Густ смог денеска го зафати Њу Делхи, поради што беа издадени предупредувања за можен сообраќаен метеж на аеродромите, а лошиот квалитет на воздухот ја намали видливоста во некои делови од градот, објави Ројтерс.
Њу Делхи, кој од почетокот на зимата се бори со смогот и лошиот квалитет на воздухот, е на третото место на листата на најзагадени престолнини во светот, покажуваат податоците на швајцарската групација „IQAir“. Портпаролот на аеродромот во тој град изјави дека сè уште нема извештаи за пренасочување или откажување летови.
На социјалните мрежи, најголемата индиска авиокомпанија IndiGo и SpiceJet, исто така, ги предупредија патниците за можни доцнења поради временските услови. Медиумите најавија дека застој ќе има и во железничкиот сообраќај.
Според последниот извештај на индиското тело за контрола на загадувањето, квалитетот на воздухот во Њу Делхи е оценет како „многу лош“, со индекс 351, што е над нивото од нула до 50, што е оценет како „добар“, пренесува Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа