Откриени нови објекти поврзани со исчезнатиот авион - ќе се стави ли крај на мистеријата?
Потрагата по малезискиот авион е поместена во нова зона. За време на истрагата новозеландски воен авион откри објекти во Индискиот Океан, што можеби се поврзани со исчезнатиот на 8 март Боинг. Овие информации ќе бидат потврдени утре, соопштија новозеландски претставници.
Утре во новата зона на потрага ќе пристигне брод, што ќе потврди дали забележаните предмети се делови од исчезнатиот авион.
До сега нема ни трага од авионот кој исчезна со 239 патници.
28.03.2014 - 14:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа