Сопругот во шок- чекале петорка па дознал дека не е ни бремена
Една двојка од Канада мислела дека ќе добие петорка, но наместо тоа се случило нешто сосема неочекувано. Имено, жената на која стомакот навистина и’ поранснал, никогаш и не била бремена.
На денот на породувањето таа и нејзиното момче ја дознале шокантната вест. Пол Серват цели 34 недели бил убеден во тоа дека неговата девојка ќе донесе на свет 5 бебиња. Целиот град мислел дека оваа жена е бремена, а многумина донирале и пари и предмети за бебињата. Дури кога парот отишол на „породување“, дознале дека воопшто нема бебиња.
По разочарувањето докторите му објасниле на Серват дека неговата девојка имала „фантомска бременост“. Тоа е психијатриско пореметување, до кое доаѓа кога жената толку силно верува дека е бремена, што нејзиното тело почнува така и да се однесува. Затоа нејзиниот стомак отекол како да е бремена, имала утринска мачнина, и дури почнала и да лачи млеко.
„Бевме толку среќни. Дури и моите родители, толку многу се радуваа на внучињата. Го изгубив целиот живот“ – вели овој несуден татко.
Женевив Лафлам, мајка на тројка која се спријателила со овој пар во текот на бременоста, за CTV News рекла дека делови од приказната за нејзината бременост не се поклопувале уште од почетокот. На пример, прво рекла дека чека едно дете, па 2, па 3, 4, и на крајот – 5!
Иако фантомската бременост е многу ретка појава, таа најчесто се јавува кај жените во доцните 30-ти години и во раните 40-ти, кај жени кои многу сакаат дете и се обидуваат да останат бремени подолго време. Девојката на Серват е сега на психијатриско лечење, бидејќи тоа е единствен начин жените со вакви симптоми да се вратат на нормалниот живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа