Обама побара Русија да ги повлече војниците од границата со Украина

 

Американскиот претседател, Барак Обама, изјави дека распоредувањето руски војници на украинската граница е невообичаено. Тој ја повика Москва да ги повлече војниците и да започне дијалог за смирување на тензиите.

- Забележано е распоредување на значителен број војници долж границата со Украина, со образложение дека станува збор за воени вежби. Ваквите дејствија не се нешто кое Русија го прави вообичаено, истакна Обама.

Американскиот претседател нагласи дека тоа не мора да биде само обид за заплашување на Украина, туку може да подразбира и други планови на Русија.

28.03.2014 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега