Хуманоста на дело: Холивудскиот шармер ја исполни желбата на девојче болно од рак

 

Познатиот холивудски шармер Татум, освеншто мами женски воздишки со својот изглед, ја покажа и својата хумана страна.

Актерот ја исполни најголемата желба на тинејџерка која има тумор на мозокот. Се работи за 18-годишната Алиса која не може да се оперира бидејќи болеста за жал се проширила и на другите органи иткива, па за жал, прашање на време е само кога таа ќе замине на другиот свет.

Тинејџерката си составила листа од 48 желби кои сака да и се исполнат пред да почине. Една од нив била бакнеж со холивудскиот шармер.

Имено, Татум не можел да ја одбие оваа желба на болното девојче, па снимил порака за неа на која и праќа бакнеж и и посакува се најдобро. Заедно со сопругата и ја запеа и песната Happy од Фарел Вилијамс.

28.03.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега